Login

Со било какво користење на услугите овозможени од страна на Хост.мк, Вие без никакви ограничувања се согласувате со сите услови и правила истакнати подолу. Ве молиме внимателно прочитајте ги сите делови од овие услови за користење бидејќи истите ги истакнуваат Вашите права, легални обврски и ограничувања.

КРАТОК ОПИС НА УСЛОВИТЕ

1. Забранет е било каков начин на СПАМ-ирање.

2. Услугите на Хост.мк не смеат да се искористуваат за нелегална трговија – продавање, купување или понудување и изнудување на било какви илегални работи, вклучувајќи пиратерија, илегални субстанци, оружје и др.

3. Порнографски содржини се дозволени доколку ги задоволуваат условите за порнографија и не ги нарушуваат постоечките закони.

4. Говор/јазик истакнат на веб страните или во домените кој поттикнува омраза и дискриминација на било каков начин не е дозволен.

5. Било каква дистрибуција на материјал кој прекршува авторски права или права на регистрирани знаци е забранет и корисникот ќе биде одстранет веднаш штом биде забележан од администраторите на Хост.мк.

6. Сите корисници доколку се смета дека ги злоупотребуваат услугите на Хост.мк, или се поврзани со нелегални активности, се подложени на надгледување и контролирање од страна на овластени лица – администратори на Хост.мк или пак надлежни лица од Владини институции.

7. Хост.мк го задржува правото, но не е задолжен, да ги проверува и регулира содржините на своите клиенти, и доколку ги прекршуваат условите за користење, да ги отстрани корисничките сметки или пак да одбие доставување на услуги.

8. Клиентите на Хост.мк се согласуваат дека во било кој случај, нема да превземат никакви мерки спрема Хост.мк.

ДЕТАЛЕН ОПИС НА УСЛОВИТЕ

1. Хост.мк го задржува правото без претходно известување да ги измени условите за користење. Корисниците на услугите на Хост.мк се должни без никакви ограничувања да ги прифатат новодоставените услови.

2. Хост.мк има право без никакви претходни известувања да ги суспендира, ограничи или исклучи/стопира услугите на клиентите кои ќе ги прекршат условите за користење на Хост.мк или пак постоечките закони. Хост.мк исто така го задржува правото на барање од надлежни Владини служби да ги достави информациите кои ги поседува за даден корисник доколку се установи дека тоа ќе помогне во процесот кој се води од надлежните служби. Во таков случај, Вие се согласувате дека во никој случај, без временски ограничувања, нема да го сметате Хост.мк за одговорен.

3. Вие се согласувате да во процесот при првична и сите останати дополнителни регистрации за користење на услугите на Хост.мк доставувате валидни и точни Ваши информации. Вие исто така се согласувате дека доколку постои промена на информациите барани во регистрацијата, навремено ќе го известите Хост.мк.

4. По исплаќање на долгот за користење на услугите или по активирање на Вашиот статус како клиент на Хост.мк по основа на претходен договор, ќе Ви бидат доставени инструкции за користење на услугите. Инструкциите ќе ги вклучуваат Вашата лозинка и корисничко име. Ваша одговорност е доставените информации да ги чувате како доверливи и да не ги споделувате со никого. Вие исто така сте одговорни за сите активности произлезени од тоа корисничко име доколку не се воспостави поинаку. Вие исто така се согласувате да ги известите администраторите на Хост.мк [email protected] доколку забележите било какви сомнителни активности, oсобено за оние кои ги вклучуваат Вашето корисничко име и лозинка.

5. Зависно од доставените или договорените услуги кои Ви се овозможени за користење, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате поставените правила и нема да ги надминувате и преоптеретувате договорените спецификации, вклучувајќи количество на пренесени информации преку комуникациски канали (bandwidth), бројот на e-маил кориснички имиња, веб и е-маил простор достапен за користење и други. Доколку постои дополнителен договор со Хост.мк за можни надминувања, Вие се согласувате истиот да го почитувате и да ги подмирите Вашите обврски како што е барано во договорот.

6. Хост.мк се согласува да прифати порнографски содржини доколку истите ги задоволуваат законските норми како на пример: наменета публика за порнографските содржини да е на возраст од или над осумнаесет (18) години, содржините да не вклучуваат материјали од лица помали од осумнаесет (18) години и друго. Клиентите се задолжуваат пред објавување на порнографски материјали дополнително да го проверат изворот како и податоците за истите. Хост.мк не одговара за нарушување на законски норми од страна на клиентите и се согласува дека при затекнување на илегална содржина се обврзува истата во најбрз можен временски период да ја отстрани и да го суспендира клиентот без претходно известување.

7. Вие како клиент на Хост.мк услугите исто така се согласувате дека нема да доставувате или работите со нелегална содржина, или содржина која нарушува авторски или останати права, вклучувајќи, но не ограничено на дигитализирани аудио/визуелни фајлови, извршувачки фајлови, архивски фајлови и сите останати видови на фајлови и материјални средства. Вие исто така се обврзувате дека преку услугите на Хост.мк нема да вршите никаков вид на илегална трговија на било какви легални или илегални средства.

8. Вие сте обврзани при поставување на било какви податоци преку услугите на Хост.мк, во обзир да ги земете локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате.

9. Хост.мк исто така го задржува правото да преземе соодветни мерки спрема корисниците кои ќе ги искористат услугите на Хост.мк за да дозволат пристап до нелегални содржини.

10. Вие исто така се согласувате дека нема да загрозувате или собирате доверливи информации на други корисници, Хост.мк или друго лице или организација. Корисниците исто така се обврзуваат да ги почитуваат правата на приватност на Хост.мк, останатите клиенти на Хост.мк и сите инволвирани страни.

11. Доколку услугите на Хост.мк се користат за собирање на доверливи информации преку веб страни, корисникот на истите, се согласува дека е обврзан да постави соодветна полиса за приватност која на посетителите/корисниците на веб страната ќе им даде до знаење за постапката.

12. Вие се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти и било каков друг вид на злонамерен софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверски грешки, намалување на брзината на работење на компјутерот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на системите на Хост.мк, клиентите или пак останати лица и организации.

13. Се согласувате дека нема во никој случај да се обидете недозволено да пристапите до овластени и доверливи делови на останати корисници на Хост.мк или на Хост.мк.

14. Вие, со користење на услугите на Хост.мк, се согласувате да објавувате содржини кои нема да дискриминираат на било каков начин и нема да бидат навредливи.

15. Вие се согласувате дека услугите овозможени од Хост.мк нема да ги искористите за дистрибуција на несакана електронска пошта или било каков друг сличен материјал. Вие исто така се обврзувате да IRC услугите ги користите според правилата дадени при првичната регистрација за користење.

16. Хост.мк го задржува правото да блокира, без претходно известување, внатрешен и надворешен пристап до е-маил адреси кои нема да ги почитуваат дадените услови за користење.

17. Вие се обврзувате дека во никој случај нема да ги искористите услугите на Хост.мк за лажни и измамнички активности.

18. Хост.мк со цел да им овозможи квалитетни услуги на своите клиенти доставува корисничка и техничка поддршка 24 часа во неделата. Доставувањето на оваа поддршка е самоиницијативно од страна на Хост.мк и Хост.мк не е задолжен истата да ја доставува 24 часовно.

19. Користењето на хостинг услугите на Хост.мк за IRC (Internet Relay Chat) е забрането и користење на услуги кои инволвираат IRC е дозволено само на посебните Хост.мк сервери и услуги кои го наведуваат и го дозволуваат тоа.

20. Со користење на услугите на Хост.мк, Вие се согласувате дека за било какви недоразбирања, непријатности и неспогодби кои можат да произлезат од користењето на услугите, Хост.мк не е одговорен во никој случај.

21. Хост.мк овозможува чување на податоците и креирање на backup. Моментално нашите backup сервери креираат дневни, неделни и месечни верзии од податоците на вашиот хостинг простор. Во случај да ви притреба враќање на податоците, Хост.мк може да го овозможи ова, но не гарантира за податоците. Хост.мк врши backup на сајтовите но не гарантира дека вашата содржина ќе биде вратена во случај на било каква хаварија (под хаварија подразбираме: хакирање на вашиот сајт – во целост или дел од содржините, ваше ненамерно бришење на податоците од сајтот, неавторизирачко влегување на вашиот хостинг и правење на штета на содржините, откажување на софтверот или хардверот на серверите на Хост.мк со што се губат податоците – дел или во целост).

22. По истекот на временскиот период за Ваше користење на услугите на Хост.мк, доколку сакате да го продолжите тој период, плаќањето се врши до или на денот кога тој рок истекува. По истекување на дадениот рок за користење или продолжување на договорот, Хост.мк без никакво претходно известување ги суспендира или откажува понудените услуги. При овој процес може целосно да бидат избришани сите Ваши податоци и фајлови, логови, е-маилови, веб страни и др.

23. За било каква штета настаната во вашиот бизнис поради моментално, делумно или целосно нефункционирање на услугите, Хост.мк не превзема никаква одговорност.

24. Хост.мк може да врати backup од одреден временски период по барање на клиентот, само доколку се уплатат 2000 денари + 18% ддв за услугата: враќање на податоци од backup сервер. Доколку и по враќањето на backup податоците, клиентот не е задоволен од состојбата, Хост.мк не превзема никакви одговорности и претходно уплатените средства не се рефундираат. Доколку веб хостингот е исклучен поради неплатени сметки и доколку клиентот сака да си ги превземе фајловите и податоците од неговиот сајт, должен е да плати 2000 денари +18% ддв за услугата. Хост.мк не гарантира за податоците кои ќе му бидат пратени по уплатата на услугата и уплатените средства не се рефундираат.

25. Доколку поради определена состојба на веб сајтот, клиентот побарува месечен backup на точно опредеделни фајлови (а не целосен backup од хостингот), истиот е должен еднократно да уплати 990 денари + 18% ДДВ.

26. Попусти за купување/обнова на одредена услуга не можат да се комбинираат. Доколку потенцијалниот клиент има во еден момент достапно повеќе можности за намалување (купон за попуст, постоечка промоција од страна на Хост.мк и слично), може да се избере само едната.

27. Доколку хостингот за било кој пакет е закупен на месечно ниво, миграцијата на хостингот (од друг хостинг провајдер во Хост.мк, или од еден пакет на Хост.мк во друг пакет закупен во Хост.мк) се наплаќа 990 денари + ДДВ еднократно. Дополнителна поддршка која не е поврзана со серверски проблем се наплаќа 990 денари + ДДВ.

28. Максималниот број на маил-ови испратени од домен во рамките на 1 час со закупена услуга во Хост.мк е 250 пораки. Сите пораки испратени над оваа бројка нема да бидат испратени и ќе бидат во ред на чекање.

За било какви прашања и информации во врска со условите за користење или услугите на Хост.мк, контактирајте не.

УСЛОВИ ЗА МАКЕДОНСКИ ДОМЕНИ

1. Ново нарачан Македонски домен (со наставка: .mk, .com.mk, .net.mk, .inf.mk, .org.mk, .edu.mk ) се регистрира по добиено барање за регистрација на домен и по уплата за истиот. Барање за регистрација на домен регистрантот поднесува кај Хост.мк по негов слободен избор. Барањето се поднесува на образец објавен на интернет страницата на Хост.мк, кој содржи: податоци за регистрантот, податоци за доменот, податоци за контактите, имињата на именските опслужувачи на кои е поставен доменот како и потпис на подносителот. Кога барањето се поднесува по електронски пат, тогаш се потпишува со електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација која се приложува кон барањето.

2. Право да регистрираат примарен .mk домен според наставките(секундарните домени) имаат:

– Право да регистрираат .mk домен имаат сите физички и правни лица.

– Право да регистрираат gov.mk домен имаат: државните органи во Република Македонија, установи и други организации утврдени со Уставот на Република Македонија и закон како и јавни претпријатија и единици на локалната самоуправа и градот Скопје.

– Право да регистрираат edu.mk домен имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

– Право да регистрираат org.mk домен имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови, странски амбасади, непрофитни странски организации на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

– Право да регистрираат com.mk, net.mk, inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, коморите на овие лица, задруги, финансиски организации.

3. Бројот на домени кој може да ги регистрира еден регистрант е неограничен. Домените се регистрираат во период од една до десет години, со право на продолжување по истекот на периодот на кој е регистриран.

4. Називот на доменот ги содржи следниве елементи и мора да ги исполнува следниве услови:

– да се состои од букви од англиската абецеда (не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот „-“(тире)

– да се состои од најмалку 1(еден) до најмногу 63(шеесет и три) знаци, притоа првиот и последниот знак не смее да биде „-“(тире)

– не смее последователно да се појавуваат два знаци „-“(тире) Називот на доменот мора да биде во согласност со овие позитивни правни прописи, како и со општите етички морални начела, т.е не смее да биде увредлив за трети лица.

5. Називот на доменот не смее да биде еднаков со заштитен жиг, име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што сака да го регистрира доменот е сопственик на заштитниот жиг, име, бренд, трговска марка и сл., ниту да содржи имиња за кои според позитивните прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот (доколку е правно лице) на доменот, односно клиентот.

6. Бришење на домен:
Регистрацијата на доменот може да биде поништена во следниве случаи:

– Регистрантот постапува спротивно од овој Правилник

– Регистрантот во писмена форма побарал поништување на регистрација на доменот

– Регистрантот на доменот не ги подмирува или ненавремено ги подмирува финансиските обврски

– Регистрантот во процесот на регистрација дал погрешни или неверодостојни податоци и документација

7. Заштитен период на домен
Доколку доменот не биде обновен до датумот на кој истекува регистрацијата, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави измена на податоците за доменот.
Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише но не може да се регистрира од страна на друг регистрант. По истекување на заштитениот период од 120 дена, доменот се брише и повторно може да се регистрира од друг регистрант.

8. Регистрантот на доменот може со изјава да се откаже од правото на користење на доменот. Во моментот на давање на изјавата во Хост.мк, доменот се брише и повторно е слободен за регистрација од друго лице.

9. Хост.мк неможе да гарантира за валидноста на одредено домен име. Тоа значи дека доколку доменот кој клиентот го нарачува е прикажан како слободен за регистрација, а истиот не е слободен кај Македонскиот регистрар поради било која причина, Хост.мк не превзема никаква одговорност и должен е да го извести клиентот дека нарачаниот домен неможе да се регистрира. Во овој случај клиентот е должен да побара поништување на нарачката и рефундирање на средствата или да го извести Хост.мк дека сака да регистрира друго домен име.

10. Хост.мк не превзема никаква одговорност доколку се случат технички или било какви проблеми со Македонскиот регистар (Марнет) при што би се оневозможила работата и функцијата на Македонските домени.

11. Доколку клиентот нарачал и уплатил за регистрација на конкретно домен име, а во меѓувреме истото домен име е регистрирано од страна на трето лице, Хост.мк не превзема никаква одговорност и треба да го извести својот клиент за оваа ситуација. Клиентот во ваква ситуација е должен да побара понуштување на нарачката за конкретниот домен и рефундирање на средствата или да одбере домен со друго име.

12. Хост.мк го задржува правото да изврши промена на цената за регистрација и цената за обнова на домен името во било кое време без претходни известувања.

13. Хост.мк по своја воља може да го известува клиентот одреден период пред истекот на доменот, односно да испраќа известувања пред истек се со цел клиентот да изврши навремена обнова на доменот. Но целата одговорност за датумот на истекот треба да ја има клиентот и самиот да води одговорност кога доменот истекува и истиот да го обнови пред истекот, доколку се одлучи за обнова на доменот.

14. Во случај на приговор на трети лица или во случај на спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот, кој произлегува од злоупотреба на домените опишано во претходните точки, Хост.мк не сноси никаква одговорост спрема страните во спорот туку ги упатува на решавање на спорот.

15. Измена и дополнување на овие услови може да се врши во секое време.